0+
Адвокати - дел од нашиот тим низ годините
60 Години Посветеност, Доверба и Правна Извонредност
Адвокатската канцеларија „Рауфи“ претставува симбол на правна традиција и континуитет, функционирајќи без прекин од 27 мај 1966 година. Основана од адвокат Сејди Рауфи, носител на лиценца бр. 19, кој завршил филозофски факултет во Падова, Р.Италија и правни студии на Правниот факултет ″Јустинијан Први″ во Скопје, Република Северна Македонија. Адвокатската канцеларија со децении останува посветена на високите етички и професионални стандарди во адвокатурата. Адвокат Сејди Рауфи со достоинство ја водеше канцеларијата до своето пензионирање во 1996 година, оставајќи ја во рацете на својот син, адвокат Насер Рауфи (лиценца бр. 199), кој со истата решителност и стручност ја продолжува семејната правна мисија од 1985 година до денес.
На 27 мај 2026 година, Адвокатската канцеларија „Рауфи“ со гордост ќе го одбележи својот шестдецениски јубилеј – 60 години непоколеблива правна поддршка и посветеност кон клиентите.
Во текот на овие шест децении, над педесет адвокати и адвокатски приправници беа дел од нашиот тим, оставајќи значаен белег во развојот на правната мисла и практика во земјата. Денес, тимот го сочинуваат искусни и енергични професионалци кои заеднички ја негуваат визијата на основачот.
Нашата канцеларија е водена од уверувањето дека адвокатурата не е само професија, туку пред сѐ одговорност кон клиентот. Стручноста, доверливоста и човечката емпатија се основните вредности што го водат секој наш правен чекор. Со прецизност, интегритет и целосна посветеност, го штитиме интересот на секој клиент.
Ве охрабруваме да ни се обратите со доверба за секое правно прашање или да закажете консултација со член од нашиот тим. Заедно, ќе најдеме вистинското правно решение.

